ЕУ ја укина забраната за увоз на турски млечни производи по 12 години

56

turcija mlekoПо 12 години, Европската унија ја укина забраната за увоз на турско млеко и млечни производи и многу наскоро, шест компании ќе почнат да извезуваат во Унијата, изјави турскиот министер за земјоделие, храна и сточарство, Мехди Екер, пишува Заман.

Во 2000 година, ЕУ забрани увоз на млечни производи, на млеко и јогурт од Турција, затоа што овие продукти не ги задоволуваа европските стандарди за храна. Анкара од 2007 година работеше на тоа да ја убеди Унијата да ја повлече забраната.

Претседателот на турската Унија на млекопроизводители (SÜTBİR), Али Којунчу изјави дека одлуката на ЕУ да дозволи увоз на турски млечни производи ќе помогне да се стабилизираат цените на домашниот пазар.

“Дневното производство на млеко е 16,5 милиони тони. Очекуваме продажбата во ЕУ да ни помогне да се зголеми оваа бројка и да доведе до развој на овој сектор”, изјави тој, додавајќи дека според негова проценка, оваа бројка може да се зголеми до 30 милиони тони во краток рок.