Создаден сладолед што не се топи

64

ice-fruit-ice-mixed-ice-cream-sundae-162917

Фото: Pexels

Научници од Универзитетот Каназава во Јапонија направија сладолед што не се топи. Клучната состојка на ваквиот сладолед е екстрактот од јагода полифенол.

Научниците побарале од слаткар во подготовката на десерти да користи полифенол. Кога слаткарот се пожалил дека откако ќе го додаде овој екстракт во павлаката сладоледот се стврднува сфатиле дека маслото и водата поради полифенолот не може да се разложат.

“Сладоледот што ја содржи оваа состојка може да ја задржи оригиналната форма подолго време отколку обичниот сладолед“, вели Томихиса Ота од истражувачкиот тим.

Сладоледот држен пет минути на температура од 28 степени Целзиусови ја задржува својата форма, вели новинар кој ја тестирал издржливоста на сладоледот, пишува Mashable.

Сладоледот се произведува во Јапонија и чини 4,5 долари.