Професионал Акаунт со акредитација за вршење КПУ на сметководители и овластени сметководители

328

fascikla-i-penkalo-pixabay

Фото: Pixabay

Професионал Акаунт се стекна со акредитација за вршење на континуирано професионално усовршување (КПУ) на сметководители и овластени сметководители. Оваа акредитација ја издаде ICC – Macedonia International chamber of commerce.

Основна дејност на Професионал Акаунт, компанија основана во 2008 година, е даночно советување, консалтинг и сметководство. Компанијата работи со мали, средни и големи домашни компании и компании со странски капитал, со посебен осврт на даночно советување. Исто така, Професионал Акаунт работи и со големи буџетски корисници, меѓу кои и МАНУ.

ICC Macedonia е дел од International chamber of commerce (ICC) основана во 1919 година, со седиште во Париз. Во ICC членуваат бизнис организации, стопански комори и бизниси од над 130 земји во светот.