Фото: University of Illinois at Urbana–Champaign
Научници од Универзитетот во Илиноис развија технологија што му овозможува на паметниот телефон да врши лабораториски медицински дијагностички тестови за коишто обично се бараат големи и скапи инструменти.
Ваквиот здравствен уред би бил од големо значење за луѓето кои живеат во недоволно развиени делови каде здравствените установи се недостапни или стотици километри оддалечени и за оние со ограничено движење и не може да појдат до најблиската лабораторија.
Тестовите коишто се прават од телефонот се подеднакво квалитетни како кај традиционалната лабораторија. За разлика од нив, TRI Analyzer чини 550 долари и се додава на телефонот и прави анализа на примероци од крв, урина и плунка. Системот е развиен така што може да обезбеди резултати за лабораториски тестови кои се базираат на промена на боја или светлина.
TRI анализаторот е куќиште од 3D испечатена пластика, а анализаторот може да анализира и повеќе примероци во исто време.