Фото: Uspto
Технолошката компанија Motorola дизајнира екран за мобилен телефон што може сам да се поправи. Во објавениот патент објаснува како телефонот може да идентификува пукнатини на екранот чувствителен на допир, а потоа користи топлината за да се поправи штетата.
Овој процес се потпира на shape memory polymer, материјал којшто може да се деформира и потоа обнови преку топлински циклуси, пишува Verge.
Телефонот самиот би можел да произведе топлина, а исто така може да ја користи и топлината на корисникот.