Фото: Pixabay
Инженери од источна Романија соработуваат со германската технолошка компанија Continental за развој на решение што ќе овозможи автомобилите самостојно да се паркираат, пишува Romania Insider.
Новата функција, којашто го носи името Trained Parking, ги снима и зачувува секвенците од процедурата за паркирање. Кога таа процедура треба да се повтори, со притискање на едно копче, возилото самостојно ги изведува претходно научените маневри за паркирање.
За да се овозможи автомобилот самостојно да се паркира, Continental користи сензори што веќе се поставени во возилото за да ја детектира околината. Возачот може да излезе од автомобилот пред да ја активира процедурата за паркирање, додека возилото се паркира без помош од возачот.
Сериското производство на овој систем за автономно паркирање се очекува да започне во 2020 година.