Винарската визба Попова Кула евидентираше добивка во висина од 231.000 денари, во периодот јануари – јуни оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Добивката на винарската визба во првите шест месеци од минатата година беше на ниво од 670.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во текот на првото полугодие од 2017 година имаа вредност од 16.599.000 денари. На домашен пазар, од тој износ, отпаѓаат 14.482.000 денари, додека остатокот од 2.117.000 денари е остварен на пазари во странство.
Основна дејност на Попова Кула од Демир Капија е производство на вино од грозје.