Раде Кончар – Апаратна техника оствари вкупна сеопфатна добивка од 3.401.000 денари, покажува шестмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Добивката на компанијата во периодот јануари – јуни лани изнесуваше 5.963.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти јуни 2017 година, изнесуваат 863.000 денари, додека истиот период претходната година беа на ниво од 779.000 денари.
Основна дејност на компанијата е производство на сите основни елементи на релејно контакторско управување и останати електрични постојки како и сервис и поправка на електрични производи.