Apple го претстави најновиот модел – iPhoneX

36

iphone-x

Фото: Apple

Технолошкиот гигант Apple го претстави најновиот модел на мобилен телефон iPhoneX, којшто според главниот извршен директор на компанијата, Тим Кук претставува “најголем исчекор од оригиналниот iPhone“, јавува Ројтерс.

iPhone X има футуристички изглед благодарение на целосно стаклениот дизајн, 5,8 инчен Super Retina екран, А11 бионички чип, безжично полнење и подобрена камера со двоен оптички стабилизатор. Новиот модел овозможува авторизација и плаќање со користење на Face ID.

Во предпродажба, овој модел на мобилен телефон, ќе биде достапен од 27-ми октомври по цена од 999 долари во над 55 земји и територии во светот. Во официјална продажба во продавниците ќе се најде на трети ноември.

Apple, исто така, ги претстави и iPhone 8 и iPhone 8 Plus, коишто се слични на претходната линија на iPhone 7. Оттаму најавија дека работат и на создавање нов уред, наречен Airpad, со којшто може да се полнат сите понови уреди на Apple.