Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот за 1,50 денари

72

brojcanik-pexels

Фото: Pexels

Горивата од полноќ добиваат нови и повисоки цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензините Еуросупер БС – 95 и Еуросупер БС  – 98 поскапуваат за половина денар, па новите цени ќе бидат 63,50 односно 65 денари за еден литар. За 1,50 денари поскапува Еуродизел (Д – Е V) и неговата нова цена ќе биде 49,50 денари за литар.

И Екстра лесното масло за домаќинство добива цена повисока за 1,50 денари и ќе чини 38,50 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,656 ден/кг и ќе изнесува 24,537 ден/кг.