Sanofi склучи договор за логистика со Kuehne + Nagel

48

kuehne-nagel

Логистичката компанија Kuehne + Nagel ќе управува со активностите за складирање на глобалната фармацевтска компанија Sanofi во белгискиот град Гел, стои во соопштението. Во новиот и проширен објект, Kuehne + Nagel ќе обезбеди современи услови за складирање на суровините на Sanofi, стои во соопштението.

Во проширеното складиште, Kuehne + Nagel нуди температурно контролирани зони (од 15 до 25 степени Целзиусови), со складиште на температура од два до осум степени и дел за замрзнување со капацитет од -25 до -15 степени. Дополнително, специјалната зона за противпожарна заштита овозможува безбедно чување на суровини што се класифицирани како запаливи.

Објектот во Белгија е дел од глобалната KN PharmaChain мрежа, што претставува логистичко решение за контрола на температурата којашто овозможува точно следење на испораките и интензивно управување со ризиците.

“Имплементацијата на новото складиште за Kuehne + Nagel овозможува одржливо решение за складирање“, вели Крис Мајор, директор на синџирот за складирање на Kuehne + Nagel. “Тоа е стратешко за понатамошен развој на производните капацитети во Гел“, изјави Гунтер Паулес од Sanofi.

Кевин Неш, управен директор на Kuehne + Nagel за Бенелукс изјави: “Ние сме среќни што ќе ја започнеме оваа соработка со Sanofi, една од најголемите светски фармацевтски компании. Овој нов договор ја нагласува нашата посветеност на фармацевтската и здравствената индустрија и е потврда на нашата одлука за понатамошно проширување на складиштето во Гел“.