Kuehne + Nagel склучи партнерство со On the Dot, логистичка компанија од Јужна Африка

65

kine-nagel-kamioni-oficijalna

Фото: Kuehne + Nagel

Kuehne + Nagel склучи партнерство со On the Dot, водечка логистичка компанија од Јужна Африка, специјализирана за електронска трговија.

Подружницата Media24 на On the Dot и Kuehne + Nagel ќе соработуваат во поставувањето на интегрирано решение за транспорт што ќе опфати управување со нарачки од почетната до крајната точка, стои во соопштението.

Дизајниран да ги задоволи потребите на малопродажните трговци во Јужна Африка, решението нуди исполнување на електронски порачки, вклучувајќи меѓународен товар, царинење, складирање, услуги со додадена вредност, како и ефикасна и иновативна испорака. Максималната видливост и транспарентност на движење на порачката се обезбедува преку најсовремени ИТ системи и технологија.

Соработката на двете компании ќе овозможи да се подобрат нивните клучни компетенции. Од една страна, експертиза на Kuehne + Nagel во меѓународниот систем на шпедиција и менаџмент за снабдување, а од друга страна сеопфатната дистрибутивна мрежа на On the Dot базирана на својата силна страна, а тоа е електронската трговија.

“Kuehne + Nagel е совршен партнер за нас за да понудиме комплетно решение за трговците во Јужна Африка кои бараат едноставен систем што ги нуди сите услуги, од товарање и царинење, до дистрибуција на електронските нарачки. Нашето комбинирано решение нè прави уникатни на пазарот во Јужна Африка“, изјави Винсент Хоудинг, главен извршен директор на Media24.

Маркус Балзереит, управен директор на Kuehne + Nagel за Јужна Африка изјави: “Kuehne + Nagel е горд што има партнер како што е Media24, како лидерска логистичка компанија во Јужна Африка. Оваа соработка е во насока на глобалната стратегија на Kuehne + Nagel за дигитализирање на логистичките услуги и задоволување на брзорастечките потреби на нашите клиенти што користат електронска трговија и понатамошно зголемување на нашата ефикасност“.