BMW создаде плоча за безжично полнење на електрични автомобили

43

untitled

Фото: Youtube

Германскиот производител на возила BMW креираше плоча за безжично полнење на автомобили, пишува Mashable.

Компанијата планира овие индуктивни полначи да бидат на пазарот од следната година. Плочата е еден вид голема верзија на Qi полначите за паметни телефони, а првично ќе биде наменета за моделот BMW 530e iPerformance. За да се наполни автомобилот, возачот треба само внимателно да го донесе над плочата во паралелна линија.

Од BMW велат дека батеријата за моделот 530e може комплетно да се наполни за 3,5 часа, што е значително помалку од вообичаеното полнење на електричните автомобили.