МЗТ Пумпи ја отповикува одлуката за преобразба од АД во ДОО

87

mzt-pumpi

Собранието на акционери на МЗТ Пумпи донесе одлука за отповикување на одлуката за преобразба на компанијата од акционерско друштво (АД) во друштво со ограничена одговорност (ДОО).

“Собранието на акционери на МЗТ Пумпи на Собранието одржано на 26.06.2017 година донесе одлука за преобразба на друштвото од АД во ДОО објави повик со којшто ги повика акционерите во рок од 30 дена од одржувањето на Собранието да дадат изјави дали се согласуваат да презема удели во друштвото што ќе настане со преобразбата. По истекот на рокот за доставување на изјави, несе оствари очекуваната структура на пријавувања согласно Законот за трговски друштва, па друштвото одлучи како во диспозитивот на оваа одлука“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Приоритетна дејност на компанијата е производство и монтажа на пумпи, турбини, хидраулична и еколошка опрема и компресори.