Зголемен бројот на работници во индустријата во август

17

rabotnik-vo-industrija-pixabay

Фото: Pixabay

Бројот на работници во индустријата во август оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 3,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст од 0,2%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 3,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2,6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2017 година, во однос на август 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,4%, Капитални производи за 12,9% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 0,6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2017 година, во однос на периодот јануари – август 2016 година, е зголемен за 1,3%.