Трговски дефицит од 1,1 милијарди евра за осум месеци

67

masina-za-broenje-pari-pixabay

Фото: Pixabay

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август оваа година, достигна вредност од 1.137.013.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – август 2017 година, изнесува 3.191.856.000 евра и бележи пораст од 14,1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4.328.869.000 евра, што е за 9,9% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – август 2017, изнесува 73,7%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел) и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.

Во периодот јануари – август 2017 година, според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.