Отворена нова бензинска станица на Макпетрол

63

makpetrol

Нафтената компанија Макпетрол денеска официјално ја пушти во употреба својата 127 бензинска станица лоцирана на магистралниот пат Струга – Дебар, во непосредна близина на крстосницата со Вевчани, јавува Миа.

Станува збор за бензинска станица со највисоки пропишани технички и безбедносни нормативи во којашто се инвестирани 120 милиони денари и се отворени нови девет работни места за локалното население од Вевчани.

Потрошувачите на оваа бензинска станица ќе добијат  широка палета на производи, квалитетни бензини и дизел горива, како и авто ТНГ гориво, а во план е и проширување на понудата со изведба на метанска инсталација со што комплетно ќе се заокружи понудата.

Макпетрол е најголемиот дистрибутер на горива во државата со 1.800 вработени, од кои нови девет на бензинската станица во Вевчани и 127 бензински станици низ целата територија на државата.