Тврди капсули како решение за течните средства за одржување на хигиена

47

wdcd_bew_mg_8106

Фото: Mirjam de Bruijn

Со цел да се создаде одржлива алтернатива за стандардните средства за чистење, Мирјам де Бруин,  дизајнерка од Холандија креираше капсули што ги заменуваат течните детергенти од домаќинството. Бруин откри дека 80% од овие производи се составени од вода, па затоа реши да создаде поинакво еколошко решение, пишува Dezeen.

Со нејзиниот дизајн, средствата за миење на садови, детергентите за перење и шампоните добија нова форма – цврста капсула што се раствора во вода. Капсулите, откако ќе се растворат во домашни услови, можат да се складираат во пластични шишиња за повеќекратна употреба.

Според дизајнерката, со ова се намалуваат штетните емисии на гасови, затоа што не се транспортира вода и не се создава непотребен отпад од амбалажите.

Проектот на Бруин е наречен 20 и моментално е дел од изложба во состав на Дизајнерската недела во Ајндховен, Холандија.