Акционерското друштво Агроплод од Ресен во текот на деветте месеци од оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 3.279.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во периодот јануари – септември лани, компанијата прикажа загуба од 3.775.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември 2017 година, достигнаа 16.483.000 денари, додека истиот период лани имаа вредност од 276.000 денари.
Основна дејност на компанијата е одгледување на јаболчесто и коскесто овошје, како и угостителство и туризам.