Во општина Илинден ќе никне нов откупно-дистрибутивен центар, кој ќе биде лоциран во индустриската зона на општината, а објавата за електронско наддавање на две парцели на кои треба да се изгради центарот моментално е во тек.
Поголемата парцела е со површина од 87.065 метри квадратни, а нејзината почетна цена за јавно наддавање е 61 денар. За втората парцела, пак, која е со површина од 19.334 метри квадратни, почетната цена изнесува 148 денари за метар квадратен.
На јавното наддавање можат да учествуваат физички и правни лица кои што ќе достават пријава за учество во јавно наддавање. Истата треба да се достави до 13 мај годинава во Општина Илинден. Јавното наддавање по електронски пат ќе се случува на 17 мај 2013 година.