За Рудници Бањани деветте месеци од оваа година завршија со добивка од 3,5 милиони денари

67

rudnici-banjani-1

Рудници Бањани, од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 3.593.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, рударската компанија евидентираше добивка од 2.360.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, на крајот на септември 2017 година, имаа вредност од 50.258.000 денари. На домашен пазар од тој износ отпаѓаат 50.054.000 денари, додека на пазари во странство продажбата беше на ниво од 204.000 денари.

Основна дејност на компанијата е вадење на декоративен камен за градежништво, суров гипс, креда и шкрилци.