Намалено производството на шумски производи во третото тримесечје

75

suma-pixabay

Фото: Pixabay

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2017 година, во однос на третото тримесечје од 2016 година, е намалено за 13,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од листопадни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од иглолисни видови, друго обло дрво од иглолисни и листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и огревно дрво од иглолисни и листопадни видови.