На ден 30.11.2017 година, врз основа на поднесена оставка заверена кај нотар Трајко Маркоски во Прилеп УЗП бр. 11069/2017 од 29.11.2017 година, на лицето Тања Димовска Микаровска ѝ престана функцијата член во Управен одбор на Прилепска пиварница А Д Прилеп, стои во информацијата објавена на Македонска берза.
Престанокот на функцијата беше констатиран со Одлука на Надзорниот одбор бр.02-1097/2 од 29.11.2017 година.
На истата седница на Надзорниот одбор едногласно за нови членови во Управниот одбор беа избрани лицата Сашко Блажевски, Директор на сектор продажба, дипломиран економист и Димитар Тодороски, Директор на сектор логистика, дипломиран технолог. Членот на Управниот одбор Сашко Блажевски поседува 33 обични акции односно 0,082% од акциите на друштвото, а Димитар Тодороски не поседува акции во друштвото.
Промената беше запишана во Централниот регистар на Република Македонија на ден 01.12.2017 година.