Групацијата Светска банка ќе престане да финансира проекти поврзани со гас и нафта по 2019 година

48

pump-jack-848300_960_720

Фото: Pixabay

Една од најважните светски финансиски институции, Групацијата Светска банка (World Bank Group), ќе престане да финансира проекти поврзани со гас и нафта по 2019 година, со цел да даде свој придонес во борбата против климатските промени, пишува Telegraph.

Одлуката беше објавена на самитот One Planet којшто се одржа во Париз и каде учествуваа 164 светски лидери, владини членови и бизнис лидери. Овој потег е голема промена во досегашната стратегија на Светска банка, којашто финансира голем број на проекти на светско ниво, поврзани со природните ресурси како нафта, гас и минерали.

Како што истакна претседателот Џим Јонг Ким, во исклучителни околности институцијата ќе даде финансиска поддршка на некои сиромашни земји доколку има конкретен бенефит во поглед на енергетски пристап за сиромашните, а проектот се вклопува во обврските на Парискиот договор.