КХВ: Македонски енергетски ресурси доби одобрение за издавање акции по пат на приватна понуда

51

komisija-za-hartii-od-vrednost

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на компанијата Македонски енергетски ресурси ѝ даде одобрение да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда, стои во соопштението.

Станува збор за 10.390 обични акции во вкупен износ од 1.039.000 евра. Оваа петта емисија на обични акции се врши со влогови за зголемување на основната главнина на Друштвото заради создавање услови за непречено функционирање.

Емисијата на акции е наменета за познат купувач, односно за постојниот единствен акционер – Владата на Република Македонија како институционален инвеститор.