Намера за објавување на понуда за преземање на Бетон од Штип

95

beton-stip

Компанијата за градежништво, инженеринг, трговија и услуги, Бим инвест инженеринг ДООЕЛ од Штип објави намера за преземање на Бетон од Штип, стои во дописот објавен до Македонска берза.

“Ги известуваме сите акционери на Бетон АД Штип дека имаме намера да објавиме понуда за преземање на акционерското друштво Бетон Штип по цена од 1.600 денари за една акција. Понудата за преземање ќе биде објавена по добивање на дозвола од страна на Комисијата за хартии од вредност“, стои во Намерата за преземање.