Фото: Pexels
Дел од горивата од полноќ добиваат повисоки цени, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.
Според одлуката, цената на бензинот Еуросупер БС – 95 останува непроменета, односно 66,50 денари за литар. Новата цена на Еуросупер БС – 98 е повисока за половина денар и ќе биде 68,50 денари. За еден денар поскапува дизелот, па еден литар Еуродизел (Д-Е V) во следните две недели ќе продава по цена од 59,50 денари.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1) се зголемува за половина денар и ќе чини 48 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,764 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.12.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 29,367ден/кг.