Грција: Над 40 хотели ќе се најдат на продажба оваа година поради финансиски проблеми

48

hotelska-soba-pixabay-1

Фото: Pixabay

Над 40 хотели во Грција се очекува да се најдат на продажба во текот на оваа година, пишува Greek Reporter.

Како главна причина за нивна продажба се наведуваат високите и нефункционални заеми. Првиот бран на продажба на хотели започна во декември, во најголем дел од грчките банки и приватни инвеститори кои им одобриле кредити на хотелиерите, кои не се во можност навремено да ги сервисираат своите обврски.

Официјалните податоци покажуваат дека од вкупно осум милијарди евра заеми во грчкиот туристички сектор, три милијарди евра отпаѓаат на нефункционални кредити.

На продажба ќе се најдат седум хотели на Крит, шест на Родос, исто толку на островите Кос, Крф, Лефкада, Закинтос и Скијатос, еден на Халкидики и 20 на различни локации низ Грција.

Најголем дел од хотелите, што не се финансиски оддржливи, се ставени под хипотека, така што нивна продажба е единствено решение за финансиските проблеми.