УЈП: Организаторите на зелени пазари до 15-ти јануари да поднесат извештај за корисниците на тезги за 2018 година

52

ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира организаторите на зелени пазари дека имаат обврска да поднесат Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари, односно Извештај за тековна состојба образец (ПДД-И/ЗП) преку системот e-pdd.ujp.gov.mk најдоцна до крајот на година којашто претходи на годината за која Управата за јавни приходи треба да изврши утврдување на данокот.

По исклучок, Извештајот за корисниците на продажните места на зелените пазари врз основа на којшто треба да се изврши пресметување на данокот за 2018 година, имаат обврска да го достават до Управата за јавни приходи најдоцна до 15-ти јануари 2018 година.