Lactalis повлекува 12 милиони пакувања млеко во прав од 83 земји

56

mleko

Фото: Pixabay

Француската компанија Lactalis ќе повлече 12 милиони пакувања млеко во прав во 83 земји поради скандалот со присуство на салмонела во производот, пишува France 24.

Директорот на компанијата, Емануел Бесниер, кој за првпат се обрати на јавноста од почетокот на скандалот соопшти дека дистрибутерите повеќе не мора да го сортираат млекото во прав за да ги најдат заразените кутии. Тој вети компензација за сите корисници погодени со скандалот. Според него, најголема грижа за него и компанијата се евентуалните последици по здравјето коишто може да ги имаат бебињата помлади од шест месеци.

Стотина фамилии ја тужеа компанијата, тврдејќи дека нивните деца добиле труење од салмонела консумирајќи го нивното млеко во прав.

Француските власти соопштија дека 35 бебиња имале здравствени проблеми на почетокот на декември поради присуство на салмонела во млекото во прав на Lactalis. Еден случај е забележан во Шпанија, а еден се истражува во Грција.