Фото: Pixabay
Нивото на соработка помеѓу Мајкрософт и владините институции добива нова димензија со денешното потпишување на договорот за лиценци помеѓу Мајкрософт Македонија и Бирото за образование и развој на Република Македонија. Овој договор е потпишан со Мајкрософт авторизиран партнер за образование Макпетрол А.Д. којшто ќе помогне при успешна имплементација на платформата Office 365 во БРО, стои во соопштението.
“Алатките на Office 365 се докажани во нивото на придобивки кои го овозможуваат на корисниците. Бирото за образование и развој има 150 вработени, распределени во седум сектори, шеснаесет одделенија и седум подрачни единици во Република Македонија. Користењето на Office 365 во рамки на институцијата е повеќе од потребно од причина што комуникацијата на дневно ниво е интензивна помеѓу вработените во БРО и со останатите институции кои се вклучени во образованието. Со оглед на фактот дека овој пакет нуди безбедна организација на документи на едно место, пристап до истите од било кое место, истовремена колаборација, комуникација во реално време и сето тоа од било кој уред, компјутер, таблет или телефон, ќе придонесе до професионален развој на вработените во БРО така што ќе бидат во постојан допир со новите технологии и истите ќе може да ги споделуваат со наставниците во насока на реализација на интерактивна и современа настава“, истакна директорот на Бирото за образование и развој на Република Македонија, Ризван Бела.
“Високо ја ценам соработката со државните институции затоа што од таму потекнуваат промените, а посебно од образовниот сектор. Нашата соработка со Бирото за образование и развој вклучува нов бран на иновативна и модерна примена на најдобрите алатки за работа. Со овој чекор, на професионалците во БРО значително ќе им се подобри ефикасноста во работата и истата ќе ја пренесат на образовниот сектор овозможувајќи опиплив ефект кој има потенцијал да вроди со резултати за развој на општествено“, порача извршениот директор на Мајкрософт Македонија, Љупчо Георгиев.
“Ова е одличен почеток за нашата соработка со Бирото за развој на образованието. Многу ми е драго што истата вклучува идни планови во насока на подигање на капацитетот на професионалниот развој на наставниците преку воведување и имплементација на Мајкрософт наставни програми за воведување на Teacher Academies во областа на компјутерската наука и STEM Academy“, вели водечкиот менаџер за развој во областа на образованието во Мајкрософт, Влора Адеми.
Мајкрософт ја нуди платформата 365 којашто одговара на модерните вештини на младата популација која дополнително ги надградува нивните професионални предиспозиции и им дозволува повеќе можности за вработување во иднина.