Фото: Belex.rs
На Белградската берза до средината на оваа година се очекува да се реализира првата иницијална јавна понуда на акции (ИПО). Ова ќе биде за прв пат по 78 години, а станува збор за компанијата Финтел Енергија, фирма – ќерка на компанијата Fintel Energia S.p.A, пишува Екапија.
“Веќе девет месеци се работи на процесот на ИПО за таа енергетска компанија и очекуваме во првата половина од оваа година Белградската берза да ја добие првата иницијална јавна понуда“, изјави Синиша Крнета, директор на Белградска берза.
Се очекува со оваа иницијална јавна понуда на акции да се соберат 15 милиони евра, коишто ќе бидат инвестирани во втората фаза од ветерниот парк Кошава, којшто има капацитет од 117 MW, како и за други проекти во развој.