Фото: Pexels
Според податоците на јануарскиот билтен, акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка се најтргувани на Македонската берза за изминатиот месец.
По нив, на листата следуваат акциите на УНИ банка, Охридска банка, Гранит, Макпетрол, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка и Фершпед.
Најголем пораст во текот на минатиот месец имале акциите на Славеј, Жито Лукс, РЖ Услуги, Тетекс и Макстил, додека најголем пад бележат акциите на Аутомакедонија, Технометал Вардар, Адинг, Пекабеско и Макошпед.