Фото: Roads and Transport Authority
Министеството за патишта и транспорт на Дубаи (RTA), заедно со компанијата Next Future Transportation од Италија, успешно тестираа автономни возила за кратки релации, пишува Gulf News.
Возилата коишто ќе се движат по специјални ленти, можат да сместат 10 патници одеднаш, шестмина да седат, а четворица да стојат. Опремени се со камера и електромеханичка технологија што ги овозможува сите функции на возилото.
Секое од нив има должина од 2,87 метри, ширина од 2,24 метри, висина од 2,82 метри и тежи 1.500 килограми. Имаат батерија што трае до три часа и што се полни за шест часа.
Достигнува брзина од 20 километри на час.