Рим ќе ги забрани дизел автомобилите до 2024 година

43

architecture-3133764_960_720

Фото: Pixabay

Рим ги објави плановите за забрана на дизел автомобилите до 2024 година. Околку две третини од автомобилите што беа продадени претходната година во Италија беа дизел. Во Рим, нема големи индустриски зони, што значи дека поголемиот дел од загадувањето на воздухот што го оптоварува градот е предизвикано од возилата, пишува Inhabitat.

Загадувањето не само што им штети на здравјето на луѓето во градот, туку исто така предизвикува сериозна штета на античките градби и споменици.

Рим претходно се обиде да го намали загадувањето на многу начини. Во минатото, градот експериментираше со ограничување на постарите автомобили и денови за возење на автомобилите со пар – непар таблици. Ниту оваа тактиката не направи многу за да помогне, бидејќи многу луѓе едноставно ги игнорираат законите.