Фото: Kickstarter
Keego е првото метално шише што може да се витка. Направено од еластичен титаниум и ја задржува водата свежа, за разлика од пластичните шишиња. Производот којшто е наменет првенствено за спортистите е дело на старт-ап од Виена, Австрија.
Пластиката може да предизвика проблеми со здравјето, а водата од пластично шише може да добие лош вкус. Keego шишињата имаат ергономски дизајн, лесни се (98 грама) и едноставни за употреба, а поради материјалот од којшто се направени се долготрајни и не дозволуваат водата да биде со лош квалитет.
Овој старт-ап проект има своја кампања на Kickstarter и досега има собрано 42.359 долари, од потребните 30.949. Kампањата трае уште 40 дена.
Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.