Американската даночна управа наскоро би можела да ги “консултира” Фејсбук и Твитер профилите на своите даночни обврзници во потрага по нивните финансиски активности, пишува rt.com. Сепак, тоа не значи дека на секој американски даночен обврзник ќе му се контролира профилот на социјалните мрежи, туку само на оние кои се сомнителни од некоја причина.
Даночната управа за Фокс бизнис демантира дека има било какви планови за користење на информации од социјалните мрежи како доказ во даночните ревизии, но сепак додава:
“Почитувањето на правата на даночните обврзници е клучен дел на нашите напори и притисоци, а тоа вклучува инстанци каде надгледуваме јавно достапни информации што ни помагаат во веќе претходно сработената работа”, велат од Даночната управа.