Westfield London – најголем трговски центар во Европа

104

pexels-photo-301930

Фото: Pexels

Проширувањето од 740.000 квадратни метри на White City, во западен Лондон, ќе ја зголеми вкупната големина на шопинг центарот Westfield London на 2,6 милиони метри квадратни, со што ќе го надмине Aviapark во Москва и трговскиот град Westgate во Загреб, Хрватска.

Инвестицијата за проширувањето чини 841.397 милиони долари (600.000 милиони фунти) и со тоа овој трговски центар е моментално најголемиот во Европа, пренесува Independent.

Новото проширување започнува шест месеци пред предвиденото, а клучната карактеристика е новата модерна продавница на John Lewis на четири нивоа, со површина од 230.000 квадратни метри. Трговците со малопродажба, вклучувајќи ги и H&M, The White Company, Ugg и Cath Kidston, исто така ќе имаат поголеми места во новиот простор.

Westfield Square, новиот простор за настани опкружен со продавници, барови и ресторани, ќе се отвори во текот на летото. Проширувањето  на шопинг центарот ќе отвори 8.000 нови работни места, со што вкупниот број во ќе изнесува 20.000.