ДЗС: Стоковна размена со странство, јануари – декември 2016

83

graph-3033203_960_720

Фото: Pixabay

Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 270.407.829 илјади денари и бележи пораст од 7,4% во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари- декември 2016 година, изнесува 380.426.363 илјади денари што е за 6,4% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-декември 2016 година, изнесува 110.018.534 илјади денари. Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-декември 2016, изнесува 71,1%.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.  Во периодот јануари-декември 2016 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Италија.