Просечна месечна нето-плата во јануари изнесувала 24.025 денари

38

office-pen-calculator-computation-163032

Фото: Pexels

Идексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, изнесува 105.6, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (37,3 %), Рударство и вадење на камен (20,3 %) и Земјоделство, шумарство и рибарство (12,5 %). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (31,4 %), Рударство и вадење на камен (10,1 %) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6,3 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2018, изнесува 24.025 денари.

Од јануари 2018 година Државниот завод за статистика го промени досегашниот начин на прибирање на податоците за плати (хартиени обрасци со податоци чиј извор беа деловните субјекти) и премина кон користење податоци од административен извор – Управата за јавни приходи. Промената е направена со цел да се намали оптовареноста на извештајните единици и да се подобри квалитетот на податоците.