Швајцарската народна партија собра доволен број на потписи за распишување на референдум на кој би се барало забрана за продажба на златните резерви од страна на централната банка.
Иницијативата на партијата под паролата “Спасете го нашето швајцарско злато” доби повеќе од потребните 100.000 гласови.
Оваа партија веќе две години бара референдум по тоа прашање и се залага централната банка да чува најмалку 20% од девизните резерви во злато. Банката моментално располага со 500 милијарди швајцарски франци, од кои само нешто преку 10% се во злато.