Volkswagen го претстави новиот Touareg

38

kjСо конективност од новата ера и пионерска фузија на системи за асистирање, удобност, осветлување и инфозабавни системи, новиот Touareg го создава патот кон иднината. Најголемите пазари за она што сега е третата генерација на Touareg се Кина, Европа и Русија. Светската продажба на претходните две генерации изнесува скоро еден милион единици.

Премиера на Innovision Cockpit. Volkswagen го претставува целосно дигитализираниот Innovision Cockpit за прв пат во новиот Touareg. Овде дигиталните инструменти (дигитален кокпит со 12-инчен дисплеј) и врвниот инфозабавен систем Discover Premium (со 15-инчен дисплеј) се спојуваат за да формираат дигитална оперативна, информативна, комуникациска и забавна единица која едвај има потреба од конвенционални копчиња или прекинувачи. Секогаш, нудејќи интуитивна контрола и максимална персонализација – со Inovision Cockpit, Touareg денес го нуди футуристичкиот дигитален ентериер.

Фокус кон луѓето. Возачите го користат Inovision Cockpit за да ги прилагодат системите за помош, ракување и комфор кон нивните индивидуални желби и потреби, со што автомобилот станува “нивниот” Touareg. Ова отвора свет во кој возачот и патниците повеќе не мора да се прилагодуваат на автомобилот, туку автомобилот се прилагодува на нив. Како нов паметен телефон, Volkswagen е поставен и подесен на лични потреби. Ова е овозможено со нови високо софистицирани поврзани системи и програми – контролирани преку дигиталниот интерфејс и мултифункционалениот волан.

Фузија на нови системи за помош, ракување и комфор. Touareg започнува со најголемиот спектар на системи за помош, ракување и удобност кои некогаш биле интегрирани во Volkswagen. Системот за помош при ноќно возење Night vision кој детектира луѓе и животни во темнина преку термичката камера и системот за помош при вкрстен сообраќај со активно управување со сите тркала, претставуваат само дел од технологијата опремена во ова возило

Нови димензии и намалена тежина. Во споредба со својот претходник, третата генерација на Touareg е умерено поширока и подолга. Новите димензии имаат позитивни ефекти врз пропорциите на возилото и во неговата внатрешност. Додадената надворешна должина води, на пример, до значително зголемување на капацитетот на багажот, од 697 до 810 литри. И покрај зголемената должина и ширина, новиот Touareg е за 106 kg полесен, поради својата мешана материјална конструкција на алуминиум (48 проценти) и високотехнолошки челици (52 проценти).

На стартот V6 мотори, подоцна достапен и како plug-in хибрид. Во Европа, Volkswagen првично ќе понуди два дизел-мотори V6 за новиот Touareg 2018 со излези од 170 kW / 231 КС и 210 kW / 286 КС. На голем број пазари, ова ќе биде проследено со бензински мотор V6 (250 kW / 340 КС) и турбодизел V8 (310 kW / 421 КС). Подготвен е нов plug-in хибриден погон (270 kW / 367 КС) кој ќе биде достапен подоцна во годината.