Фото: Pixabay
И годинава граѓаните кои ќе купат сончеви колектори за домаќинствата ќе можат да добијат субвенции од Министерството за економија. Годинава, од буџетот, Министерството за оваа намена има издвоени шест милиони денари.
Во огласот за субвенционирање на купувачите се наведени критериумите за учество.
Заинтересираните треба да купат и инсталираат ваков уред за домаќинство заклучно со 31 август 2018 година, по што ќе треба да испратат барање за повраток на дел од вложените средства. Ќе се надоместуваат до 30% од инвестираните средства, но не повеќе од 300 евра по домаќинство.
Главен услов за учество на јавниот оглас е граѓанинот да го нема искористено правото на поврат на дел од средства во текот на изминатите 10 години.