Американскиот произведувач на авиони Боинг призна дека можеби никогаш нема да дознаат што ги предизвика дефектите на батериите поради кои се приземјени сите дримлајнери 787, јавува BBC.
“Можно е никогаш да не ја дознаеме главната причина за проблемот. Не би било необично кога не би се нашла ниту една причина. Најдобра пракса во индустријата е да се разгледаат сите потенцијални причини и сите да се решат”, изјави Лари Лофтис, генерален менаџер на одделот за производство на дримлајнер 787.
Лофтис додава дека Боинг вложил 200.000 работни часови на своите инженери во поправка, а новите батерии ќе работат под помало оптеретување, а со тоа и под пониска температура. Ќе бидат сместени во кутии од инокс со вентилациски цевки кои водат надвор од авионот, па евентуалните ретки случаи да потфрлат во иднина ќе бидат 100% ограничени, додека евентуалниот чад веднаш би бил изведен од авионот.
Тим од 300 инженери поделени во 10 тимови почнаа со замена на батериите во сите 50 дримлајнери и Боинг очекува во следните недели авионите да добијат дозвола за летање.
Сите дримлајнери во јануари беа приземјени по два поголеми инциденти поради прегревање на батериите.