ОКТА одржа стабилен пазарен удел во првиот квартал од годинава

46

ОКТА АД – Скопје го заврши првиот квартал од 2018 година, со приходи од продажба во износ од 5,208 милиони денари, споредбено со 5,103 милиони денари од истиот период минатата година, како резултат наповисоките интернационални цени на горивото. Продажните количини на домашниот и на странскиот пазар се одвиваа со стабилен тек, што придонесе кон соодветно зацврстување како на домашниот така и на странскиот пазарен удел.

Прилагодената ЕБИДТА изнесува 50 милиони денари, во споредба со 93 милиони денари во првиот квартал од 2017 година, главно порадипониските маржи кои произлегоа од повисоките дисконти остварени како резултат на промените во структуратана  плаќање. Загубата пред оданочување во првиот квартал од 2018 година изнесува 41 милион денари, споредено со добивката пред оданочување од 22 милиони денари за истиот период минатата година, поради веќе споменатите причини елаборирани претходно во текстот.

Ликвидноста на компанијата, како резултат на промените во структурата и динамиката на плаќања, остана на рекордно високо ниво, кое и обезбеди на компанијата непречено да ги извршува своите оперативни активности, без притоа да ги употреби кредитни линии кои ги има на располагање.

Во текот на првиот квартал од 2018 година, ОКТА со задоволство ја најави својата 40-годишнина со започнување на кампања посветена на јубилејот. Имајќи го предвид минатогодишниот успех на општествено одговорната кампања “Јас внимавам“, компанијата продолжува со активностите за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот. Вработените во ОКТА уште еднаш се вклучија во еко-акцијата за зазеленување на јавните површини, организирана од Општина Илинден. Компанијата останува да биде силен поддржувач на образованието и развојот на новите генерации преку програма за практиканти и преку доделување стипендии за постдипломски студии во Грција.

Дополнително, раководството на ОКТА внимателно ги следи предизвиците како и состојбите, и проактивно планирајќи, постојано има за цел да обезбеди редовно и непречено снабдување со горива со највисок квалитет на локалните и соседните пазари, додека во исто време продолжува да ја движи компанијата напред преку искористување на можностите кои ќе се појават за натамошно подобрување на деловните резултати и зголемување на оперативната ефикасност.