Volvo промовира електрични камиони за собирање на смет

46

Фото: Volvo Trucks

Шведската мултинационална компанија Volvo ги објави своите два нови модели на електрични камиони, специјално дизајнирани за собирање на смет, пишува Inhabitat.

Од компанијата информираат дека овие модели се идеална замена за веќе постоечките камиони, поради можноста да ги извршуваат своите операции без емисија на издувни гасови, а намалената сообраќајна бучава дава можност за оперирање рано наутро или доцна навечер, што ќе влијае директно на растеретување и на сообраќајните гужви.

Еден од моделите, Volvo FL Electric, е помал од другите модели и е специјално наменет да ги задоволи потребите на густите урбани области, а благодарение на батеријата која може да издржи 8-9 часа, електроенергетките камиони на Volvo се дефинитивно чекор напред во технологијата.

Електричните камиони на Volvo се продолжение на политиката на оваа компанија за производи кои влијаат позитивно на животната средина. Претходно Volvo произведе повеќе од 4.000 електрични автобуси.