Секоја година Deutsche Bank го прави извештајот Мапирање на светските цени, категоризирајќи ги трошоците за стоки и услуги во просек, во најголемите светски метрополи, пишува Business Insider.
За потребите на својот извештај банката во предвид ги зема сите трошоци, од цената на една кутија цигари до месечна кирија на еден двособен стан. Конечните цифри се со вкалкулиран данок, што значи станува збор за нето сума која реално го покажува богатството на еден град.
Во горниот дел на листата доминираат градовите од северната хемисфера, односно високоразвиените западни економии, но тука се и богатите метрополи од Австралија. Врвот на листата (првите четири града) се непроменети од 2017 година, иако со поинаков редослед. На листата се наоѓаат градови каде што платите не се под 2.000 долари месечно
15. Токио, Јапонија: 3.004 долари
14. Амстердам, Холандија: 3.058 долари
13. Сингапур, Сингапур: 3.099 долари
12. Мелбурн, Австралија: 3.263 долари
11. Лондон, Велика Британија: 3.381 долари
10. Франкфурт, Германија 3.389 долари
9. Дубаи, УАЕ 3.447 долари
8. Копенхаген, Данска 3.462 долари
7. Чикаго, САД 3.650 долари
6. Осло, Норвешка 3.664 долари
5. Бостон, САД 3.740 долари
4. Сиднеј, Австралија 3.914 долари
3. Њујорк, САД 4.115 долари
2. Сан Франциско, САД 4.974 долари
1. Цирих, Швајцарија 5.674 долари