Светозар Јаневски прогласен за личност на годината во Југоисточна Европа

32

Претседателот на управниот одбор на ВВ Тиквеш и член на инвестициската група М6 – Светозар Јаневски е добитник на годинешната награда за личност на годината во Југоисточна Европа –  SEE Persoinality 2018.

Добитници на оваа специјална награда која се доделува во рамки на Фестивалот SEE a Paris се истакнати личности од регионот кои со своето делување и поддршката што ја обезбедуваат за културата, уметноста и останатите значајни општествени дејности значително придонесуваат за негувањето на европските вредности и севкупната европеизација на регионот на Југоисточна Европа.

На осмото издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа – SEE a Paris, кое се одржа од 30-ти мај до 2-ри јуни во Париз, Франција, се прикажаа голем број играни, кратки, документарни и анимирани филмови од 15 земји од регионот, што беше одлична можност за презентирање на  достигнувањата во областа на филмската уметност од сите земји во Југоисточна Европа, меѓу кои и од Република Македонија.

Признанието на господинот Јаневски му беше доделено на церемонијата на доделување на наградите која се одржа на 2-ри јуни во амфитеатарот на INALCO, Paris Cite Sorbonne.

Инаку, од оваа година овој фестивал се одржува под покровителството на Министерството за култура на Франција.