Индекс на цените на угостителските услуги за мај

42

Државниот завод за статистика го објави индексот на цените на угостителските услуги за месец мај 2018 година. Според податоците индексот е намален за 0,1% во однос на претходниот месец, а споредбено по групи на услуги намалување е забележано во групите Храна за 0,1 %, Алкохолни пијалаци за 0,1 % и Безалкохолни пијалаци за 0,1 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 1,6 %.

Исто процентуално зголемување (1,6%) е забележано и кај кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – мај 2018 година. Додека, пак, во однос на декември 2017 година, кумулативниот индекс е зголемен за 0,9 %.