Нема застој во сообраќајот низ државата

48

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, пo суви коловози.

Во тунелите на патниот правец Демир Капија –Удово завршено е периодичното сопирање на сообраќајот, но се уште се изведуваат градежни работи и сообраќајот е регулиран со семафори за наизменично пропуштање на возилата.

На патниот правец Велес-Кадрифаково се вршат геодетски мерења. Поради присутност на изведувачи на патот потребно е повнимателно управување со возилата.

На патниот правец Гостивар – крак Маврово кај с. Церово се врши реконструкција на мостот и сообраќајот се одвива регулирано со семафори за наизменично пропуштање на возилата и по една коловозна лента.

Патниот правец Р-103 Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр. 9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила. Забраната за тешки товарни возила на тој патен правец се уште е на сила.

Патниот правец Ресен – Охрид преку Галичица не е прооден за сообраќај, сообраќајот се одвива до месноста Корита но само од охридската страна.